• сабота, 23 ноември 2024

Науката го објасни начинот на движење на летачката змија

Науката го објасни начинот на движење на летачката змија
Лос Анџелес, 1 јули 2020 (МИА) - Тим научници од Универзитетот Вирџинија Тех објавија труд во кој го објаснуваат начинот на којшто летачката змија (Chrysopelea paradisi) се движи низ воздухот, преминувајќи од едно дрво на друго, и тоа прилично големо растојание. Летачката змија живее во Јужна и Југоисточна Азија. Новите сознанија говорат дека таа се движи со „лизгање“ низ воздухот. Ајзек Џетон, предводникот на научниот тим вклучен во истражувањето, за Си-ен-ен објаснува дека овие змии прават брановидно движење додека се движат низ воздухот, слично и како кога се движат на копно. Тој верува дека тоа брановидно движење спречува змијата да се преврти и да падне пред да стигне до целта. Првата, експериментална фаза се одвивала во лабораторија. Во следната фаза, истражувачите ќе набљудуваат како змиите скокаат од дрво на дрво и како „летаат“ во реални услови, нагласи Џетон. Истражувањето е објавено во списанието „Нејчр физикс“.  си/гт/

Остани поврзан