• сабота, 31 август 2024

Натпреварот Јувентус - Наполи не се одигра, гостите не допатуваа поради коронавирус

Натпреварот Јувентус - Наполи не се одигра, гостите не допатуваа поради коронавирус
Торино, 4 октомври 2020 (МИА) - Натпреварот од Серија А меѓу Јувентус и Наполи не се одигра, бидејќи гостите од Неапол не се појавија на теренот во Торино. Бјанконерите пристигнаа на својата Арена, а Наполи не допатува во Торино, откако наполитанската здравствена служба го блокираше заминувањето на тимот поради избувнувањето на коронавирусот. Раководството на Серија А излезе со став дека нема причина да се одложи средбата. Така, веројатно е дека Наполи службено ќе загуби со 3:0. Клубот може да ја оспори оваа одлука на суд. На 27 септември, наполитанците играа со Џенова (6:0), по што беа откриени 14 случаи на инфекција со коронавирус кај ривалот. Подоцна, играчите од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински и македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз беа позитивни на вирусот. зс/

Остани поврзан