• среда, 27 ноември 2024

НАТО утре ќе потпише пристапни протоколи со Финска и Шведска

НАТО утре ќе потпише пристапни протоколи со Финска и Шведска

Брисел, 4 јули 2022 (МИА) - НАТО најави дека утре ќе потпише протоколи со Финска и Шведска за пристапување на двете земји во Алијансата.

„Разговорите меѓу претставниците на пактот и двете земји продолжуваат денеска“, се наведува во соопштението. На претстојното потпишување утре се очекува да бидат вклучени министрите за надворешни работи на двете земји кои аплицираа за пристапување во Алијансата на почетокот од оваа година. Нивното барање беше потврдено на самитот на НАТО на крајот на минатиот месец во Мадрид.
По потпишувањето на протоколите се предвидува процес на ратификација од сите 30 земји на НАТО. Се наведува дека Босна и Херцеговина, Грузија и Украина исто така изразија желба да се приклучат. паг/  

Остани поврзан