• вторник, 26 ноември 2024

Наталија Тасевска и Елвин Вели избрани за јавни обвинители во ЈОРСМ

Наталија Тасевска и Елвин Вели избрани за јавни обвинители во ЈОРСМ

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Советот на јавни обвинители ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Покрај нив биле пријавени четворица други кандидати кои не беа избрани, а станува збор за Валентина Стојановска, Вилма Рускоска, Даница Монева и Златко Биковски.

Пријавата на кандидатот Ислам Абази била повлечена бидејќи тој во меѓувреме беше избран за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

На денешната, 82 Седница, Советот расправа и за избор на обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје. ар/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан