Настан „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“
- -На настанот ќе бидат промовирани најновите резултати од мониторирањето на отвореноста на извршната власт изведена преку Индексот на отвореност на национално ниво, и ќе се споредат со резултатите од претходните години. Низ дискусија ќе се презентираат научените лекции и добрите практики преку кои може да се подобри транспарентноста на институциите, велат организаторите.

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Фондација Метаморфозис организира настан „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“ кој ќе се одржи денеска во Скопје.
-На настанот ќе бидат промовирани најновите резултати од мониторирањето на отвореноста на извршната власт изведена преку Индексот на отвореност на национално ниво, и ќе се споредат со резултатите од претходните години. Низ дискусија ќе се презентираат научените лекции и добрите практики преку кои може да се подобри транспарентноста на институциите, велат организаторите.
Тие додаваат дека на настанот ќе се дискутира и за Партнерството за отворена власт и ќе се претстават заложбите од шестиот Национален акциски план. сст/аа/
Фото: Најава