• среда, 27 ноември 2024

Насилство во Битола, поведена постапка против три лица

Насилство во Битола, поведена постапка против три лица

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) - Битолското Основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица кои се сомничат дека извршил грубо насилство врз две лица на улицата „Широк Сокак“ во Битола. 

- Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело - Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата „Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи, се вели во денешното соопштение од Републичкото јавно обвинителство.

Оттаму појаснуваат дека двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од осум дена. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан