• четврток, 26 декември 2024

НАСА со нови подробности за телескопот „ХВО“

НАСА со нови подробности за телескопот „ХВО“

Хјустон, 13 јануари 2023 (МИА) - Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА откри нови податоци за наследникот на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. Новиот проект е првично проценет на 10 милијарди долари.

Станува збор за телескопот „Хабитабл ворлд обсерватори“ (ХВО) којшто ќе има задача да бара егзопланети во Вселената слични на Земјата, а се очекува да биде пуштен во употреба и поставен во Земјината Орбита на почетокот на 2040-тите. Новиот телескоп ќе биде дизајниран така што ќе може да се сервисира и надградува од роботи во Вселената, што не е случај со „Џејмс Веб“. На тој начин роботите ќе можат да менуваат инструменти по потреба, а токму тие инструменти ја прават најголемата разлика. Директорот на Одделот за астрофизика на НАСА, Марк Клампин истакна дека „ХВО“ сѐ уште е во фаза на планирање. И покрај тоа, новите подробности и онака предизвикуваат возбуда за иднината.

Последниве години, американската агенција посвети поголемо внимание на потрагата по вонземски живот, а сателитот „Џејмс Веб“ потврди повеќе егзопланети.

„Џејмс Веб“ е оддалечен 1,5 милиони километри од Земјата, а и „ХВО“ ќе биде на слично растојание.

Сепак, „ХВО“ не е следната опсерваторија на НАСА планирана за лансирање. На ред сега е „Ненси Грејс“, со намена „да лови“ темна енергија и егзопланети, а поставувањето засега е предвидено за во 2027 година.

НАСА истакна и дека има намера да ги користи сознанијата стекнати од програмата „Џејмс Веб“ за развој на „ХВО“ со цел и да избегне преголеми трошоци и доцнење.  си/

Остани поврзан