• вторник, 24 декември 2024

НАСА објави снимка од лет на хеликоптерот „Гениј" на Марс

НАСА објави снимка од лет на хеликоптерот „Гениј

Хјустон, 21 август 2023 (МИА) - Хеликоптерот „Гениј" (Ingenuity) изврши уште еден пробен лет и слетување на Марс, а сѐ тоа го сними роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета.

„Клучна цел на мисијата 'Упорност' на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА.

Густината на атмосферата на Марс е само еден отсто од онаа на Земјата, што им отежнува на леталата да го направат потребното подигнување за летот. Сепак, експерименталниот хеликоптер „Гениј" на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да се крева користејќи ги своите ротори во такви уникатни услови.

Инаку, цел на истражувањата се карпите и почвата на Марс, коишто бараат „тела, супстанции и / или примероци за чие потекло е потребен биолошки агенс“. Роверот „Упорност“ неодамна го сними 54-от лет на својот хеликоптер, којшто се случил на почетокот на август. Откако кај „Гениј" се појави аномалија, НАСА го направи овој тест за да се увери дека системот за навигација сè уште работи без проблеми, а резултатот е позитивен.

На видеото се гледа како „Гениј" ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу пет метри над површината, пред да слета. „Упорност“ го сними тој тест од далечина од 55 метри.  си/

Фото: Официјална Х-страница на НАСА.

Остани поврзан