• понеделник, 23 декември 2024

Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување

Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење.

Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.

- Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет - купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка.

Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени. бак/ац/

Фото: Народна банка

Остани поврзан