• среда, 25 декември 2024

Народна банка: Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП

Народна банка: Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Народната банка денеска излезе со најнови податоци за нето надворешниот долг. Според овие податоци, заклучно со 31 март нето надворешниот долг изнесува 4.350 милиони евра или 29,9 проценти од проектираниот БДП.

- Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62 проценти, информира централната банка.

Во текот на првиот квартал од годинава, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 6 милиони евра и изнесува 8.506 милиони евра, односно 58,4 проценти од проектираниот БДП за годинава. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан