• сабота, 23 ноември 2024

Народна банка: На крајот на март годинава бруто-надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра

Народна банка: На крајот на март годинава бруто-надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - На крајот првиот квартал од 2022 година, бруто-надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра и забележано е квартално зголемување за 430 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија. Согласно информациите, бруто-надворешните побарувања забележаа зголемување за 8 милиони евра и изнесуваат 5.917 милиони евра. - Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето-надворешниот долг за 422 милиона евра, со што на крајот на март 2022 година тој изнесува 4.060 милиони евра. Надворешна задолженост и меѓународна инвестициска позиција на Република Северна Македонија, се вели во соопштението. Негативната нето-меѓународна инвестициска позиција на крајот на март 2022 година, од НБРСМ велат дека изнесувала 7.789 милиони евра, или 58,5 проценти од проектираниот БДП2 за 2022 година. Од овој износ, најголемиот дел, или 81 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 73 проценти се врз основа на сопственички капитал. На крајот на март од 2022 година, бруто-надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра (или 74,9 проценти од проектираниот БДП) и бележи квартално зголемување од 430 милиони евра (или за 4,5 отсто). - Доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто-долгот бележи квартално зголемување од 486 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемениот приватен долг (за 642 милиона евра), додека јавниот долг бележи квартално намалување (за 156 милиони евра), велат од Народната банка. Согласно податоците, растот на приватниот долг од НБРСМ велат дека должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 428 милиони евра), приватните банки (за 128 милиони евра) и на небанкарскиот приватен сектор (за 86 милиони евра). Кварталното намалување на јавниот надворешен долг од 156 милиони евра е резултат главно на намалувањето на долгот секторот „држава“ (за 145 милиони евра), како и намалувањето на долгот на јавните претпријатија и јавните банки (за 13 милиони евра). Бруто-надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евра (или 44,4 проценти од проектираниот БДП) и забележаа квартално зголемување од 8 милиони евра (или за 0,1 отсто). Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, од Народната банка посочија дека бруто-надворешните побарувања се зголемени за 40 милиони евра и изнесуваат 5.915 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 438 милиони евра, при намалени јавни побарувања за 398 милиони евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 397 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 73 милиони евра), при намалени побарувања на приватните банки (за 33 милиони евра). На 31 март оваа година година, податоците покажуваат дека нето-надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра (или 30,5 проценти од проектираниот БДП). Нето-надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2022 година е зголемен за 422 милиона евра, или за 11,6 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58 проценти. - Во текот на првиот квартал од 2022 година негативната нето-меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 481 милион евра и изнесува 7.789 милиони евра, што претставува 58,5 проценти од проектираниот БДП за 2022 година, велат од НБРСМ. Од Народната банка додаваат дека кварталното зголемување на негативната нето-МИП произлегува од засиленото зголемување на обврските (за 527 милиони евра) во однос на зголемените средства (за 46 милиони евра). Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на должнички инструменти бележат зголемување за 422 милиона евра, додека нето-обврските врз основа на сопственички инструменти се зголемени за 59 милиони евра. ки/дма/

Остани поврзан