• четврток, 02 јануари 2025

Народна банка: Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третото тримесечје од 2024 година

Народна банка: Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третото тримесечје од 2024 година

Скопје, 30 декември 2024 

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на третиот квартал од 2024 година: 

На 30.9.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.432 милиона евра (или 30,6% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2024 година, е намален за 63 милиони евра, или за 1,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 92 милиона евра и изнесува 8.544 милионa евра, што претставува 59% од проектираниот БДП за 2024 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2024/Soopstenie_dolg_MIP_Kv.3_2024.pdf 

 

Кабинет на гувернерот

Односи со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Народна банка 

Остани поврзан