• понеделник, 16 декември 2024

Наполи и ПСЖ на преговори за иднината на Навас и Руиз

Наполи и ПСЖ на преговори за иднината на Навас и Руиз
Париз, 24 август 2022 (МИА) - Директорот на Наполи, Маурицио Микели се сретна во Париз со раководството на ПСЖ за да разговара за иднината на италијанскиот играч за врска Фабијан Руиз и голманот Кејлор Навас, објави „Кориере дело спорт“. Претходно се дозна дека 35-годишниот Навас може да биде позајмен на Наполи. Во овој случај Пари Сен-Жермен би му исплатил дел од платата. На крајот од сезоната 2021/22, Навас имаше 26 настапи за ПСЖ и 24 примени голови. Неговиот договор со клубот е со важност до 30 јуни 2024 година. Што се однесува до Руиз, преговорите меѓу клубовите не се обновени од почетокот на август, кога се дозна за интересот на ПСЖ за 26-годишниот Шпанец. Руиз минатата сезона во Серија А забележа 31 настап, постигнувајќи седум гола и четири асистенции. Порталот Трансфермаркт го проценува шпанскиот играч за врска на 55 милиони евра. Договорот на Шпанецот истекува во јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан