Напаѓачот на Фиорентина го привлекува вниманието на клубовите од Премиер лигата
- Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин е во форма на својот живот. Со своите силни игри во Фиренца, тој го привлече вниманието на Арсенал, Њукасл Јунајтед и Вест Хем, кои се заинтригирани од неговата ослободителна клаузула вредна 52 милиони евра.

Фиренца, 18 март 2025 (МИА) - Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин е во форма на својот живот. Со своите силни игри во Фиренца, тој го привлече вниманието на Арсенал, Њукасл Јунајтед и Вест Хем, кои се заинтригирани од неговата ослободителна клаузула вредна 52 милиони евра.
Напаѓачот минатиот месец го прослави својот 25-ти роденден. Јувентус минатото лето го продаде на Фиорентина за 13 милиони евра плус уште 5 милиони евра бонуси, што се покажа како паметна инвестиција.
Досега има 20 гола на 34 натпревари оваа сезона и три асистенции. Ова му обезбеди место во селекцијата на Италија за претстојното четвртфинале во Лигата на нации против Германија. дс
Фото: Принтскрин