• петок, 05 декември 2025

Напаѓачот на Интер Мехди Тареми го напушти Техеран

Напаѓачот на Интер Мехди Тареми го напушти Техеран

Милано, 25 јуни 2025 (МИА) - Напаѓачот на Интер (Милано), Мехди Тареми, успеа да го напушти иранскиот главен град Техеран, објави Газета дело Спорт.

Иранецот патувал со автомобил над 1.000 км до градот Бушер, каде што му се придружил на своето семејство. Играчот моментално тренира самостојно по индивидуална програма.

Интер е во Соединетите Американски Држави за Светското клупско првенство. Тареми не можеше да лета за да учествува на турнирот поради фактот што иранскиот воздушен простор е затворен поради нападите од Израел.

Тареми е на работ да се раздели со Интер, а интерес за играчот покажуваат англиските Нотингем и Фулам. дс

Фото: Архива

Остани поврзан