• вторник, 26 ноември 2024

„Наместо вовед“ на Митко Панов во „Мала станица“

„Наместо вовед“ на Митко Панов во „Мала станица“

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Во „Мала станица“ во 20 часот ќе биде отворена изложбата на Митко Панов, проект со наслов „Наместо вовед“. Изложбата ќе биде поставена до 29 октомври, се наведува во соопштението на Националната галерија.

- Изложбата на Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата и концепт во уметноста. Експериментирањето со идејно - концептуалните премиси овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Визуелното восприемање на светот кој го опкружува преплетено со неговата имагинација, создава ликовен свет во кој се обликуваат визуелните претстави, се додава во соопштението.

Како што пишува во соопштението, „Панов ја вткајува реалноста како инспирација во својата специфична творечка експресија“.

- За него реалноста е простор за преиспитување на емоционалното присуство на човекот и потрагата на лична вистина и суштина на постоењето. Во неговиот ликовен универзум, реалноста е пренесена преку сопственото искуство, сфаќање и чувствување за светот, сопственото битисување во него, создавајќи личен императив за еден друг реалитет каде не ги менува фактите на реалноста, туку го менува начинот на размислување во однос на стварноста. Перцепцијата преку окото на уметникот создава внатрешен свет кој преку естетизираната визуелност станува слика која го отсликува „домот“ на уметникот т.е. неговата лична архива и опстојување, се додава во соопштението. бд/са/

Фото: Национална галерија

Остани поврзан