• вторник, 24 декември 2024

Пад на превезената стока со железницата

Пад на превезената стока со железницата

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Во четвртото  тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939 000, во градско-приградскио 11 825 000, во железничкиот 131 000, а во воздухопловниот превоз  559 095, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3 460 000 патници, во градско приградскиот,  41 634 000, во железничкиот 406 000, а во воздухопловниот 2 365 847.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,7  проценти, во железничкиот е намаленo за 28,5  проценти, а во воздухопловниот е намалено за 3,5 проценти.

Според податоците на ДЗС, во последниот квартал лани се превезени 22 061 000 тони стока во товарниот патен превоз, а во тек на целата година 74 639 000. 

Железничкиот превоз, пак, бил искористен за транспорт на  316 000 тони стока во четвртиот квартал, а во тек на цела 2022 година се транспортирани 1 372 000 тони стока.

Од превезената стока со железницата  во последниот квартал лани, 315 илјади тони се во меѓународниот, а илјада тони во националниот железнички превоз.лв/са/

ФОТО/МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан