• сабота, 23 ноември 2024

Намалени водостоите на поголем дел од реките и на Охридското Езеро

Намалени водостоите на поголем дел од реките и на Охридското Езеро
Скопје, 29 април 2022 (МИА) – Водостоите на поголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за април и во најголем дел имаат дополнително намалување на нивото во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најмал водостој, речиси три пати помал од просечниот, има реката Струмица на мерното место кај Ново Село, иако кај Сушево нивото и е речиси исто со просечното. Речиси двојно пониско од просечното е и нивото на Крива Река кај Крива Паланка. Пониски од просечните се и водостоите на две од трите природни езера во земјава. Нивото на Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во споредба со вчера и сега е за еден сантиметар пониско од просечното ниво за април, додека кај Преспанското Езеро е пониско за 1,69 метри од повеќегодишниот просек за овој период од годината, но е за 19 сантиметри повисоко од апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив водостојот на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од просечниот. вј/бак/

Остани поврзан