• недела, 24 ноември 2024

Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, според оценката на раководителите на деловните субјекти, во април годинава е намален за 0,1 процентен поен во однос на март 2022 година и изнесува 13,2, а во споредба со април 2021 година е намален за 1,5 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2022, во однос на март 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2022 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Според  податоците на Државниот завод за статистика, просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2022 година изнесува 63,8 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 16,9 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,8, неизвесното економско опкружување со 15,6 и недоволната домашна побарувачка со 11,9 отсто. вј/сп/

Остани поврзан