• сабота, 23 ноември 2024

Налепници „НМК“ има во поглем број од кумановските станици за технички преглед

Налепници „НМК“ има во поглем број од кумановските станици за технички преглед

Куманово, 12 февруари 2024 (МИА) - Налепници „НМК“ има во поглем број од кумановските станици за технички преглед, информираа денеска од станиците. Турканици има, бидејќи вечерва истекува рокот за управување со возило без налепница „НМК“.

Од една станица информираа дека отвориле уште еден канал.

- Ве известуваме дека од 12. февруари, техничката станица на „Авто Мото“ има отворено уште еден канал, специјално за лепење на налепниците со „НМК“, информираат од станицата.

Налепници нема само на една станица во населбата Доброшане. Во друга филијала од истата техничка станица на „Железничка станица“ има.

-Налепници има на „Железничка станица“, засега нема кај Доброшане, велат од „Авто контрол“.

Од станицата за технички преглед „Пин Петрол“ информираат дека имаат налепници.

- За земање на „НМК“ налепници за регистарски таблички, потребно е да се пополни барање на нашите шалтери, а потоа вашето возило да помине преку технички преглед каде што нашите контролори ќе ја залепат налепницата на вашите регистарски таблици. Напомена-услугата е бесплатна и не се наплаќа технички преглед, велат од „Пин Петрол“.

Од МВР претходно информираа дека тие се бесплатни за граѓаните и посочија дека ригорозно ќе санкционираат каква било злоупотреба за какво било наплаќање.

- Граѓаните можат во која било станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистарските таблици, информираа од МВР. ам/дма/


Фото: МИА и МИА архива

Остани поврзан