• четврток, 25 јули 2024

Назначена службеничка за млади во Општина Крива Паланка

Назначена службеничка за млади во Општина Крива Паланка

Крива Паланка, 8 јуни 2021 (МИА) - Во Општина Крива Паланка од денескa е назначена личност што ќе работи како службеничка за млади. Согласно Законот за младинско учество и младински политики, официјално  службено лице кое ќе работи со млади во Општина Крива Паланка е Даниела Милошевска.

- Милошевска ќе биде лице за контакт и полесна комуникација со младите околу прашањата што ги засегаат, а се однесуваат на работата на локалната самоуправа. Службеничката за млади ќе биде одговорна за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведување на неговата програма, известување, транспарентност и одржување комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите, велат од службата за комуникација со јавност во Општината.

Младите ќе можат да комуницираат за сите прашања и сугестии преку официјалната електронска пошта: dmiloshevska@krivapalanka.gov.mk. ид/мд/

Остани поврзан