• вторник, 24 декември 2024

Наезда од диви свињи во Кочанско по забраната за лов поради болеста африканска чума

Наезда од диви свињи во Кочанско по забраната за лов поради болеста африканска чума
Кочани, 13 јануари 2022 (МИА) – Жителите од повеќе села во Кочанско, сместени на падините на Осоговските Планини и на Плачковица, се жалат од наезда на диви свињи откако е воведена забраната за лов поради болеста африканска свинска чума во источниот регион. Земјоделските производители се соочуваат со големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите. - Во атарот на селата Видовиште и Теранци целосно се уништени неколку стотини декари засеани со пченка и компир. Во потрага по храна, дивите свињи секојдневно од Плачковица се симнуваат во полето и прават огромни штети. Најчесто доаѓаат во групи и понекогаш се агресивни и кон домашните животни, а ние ловците не можеме да интервенираме и да им помогнеме на нашите соселани. Слично е и од другата страна на кочанската котлина, во селата од Осоговијата, каде исто така во важност е забраната за лов, истакна Орце Митров, ловец од Теранци.

Ловците од кочанскиот регион до сега не забележале угинати диви свињи како последица од африканската чума. Лабораториското испитување на месото што го имале на залиха од пред воведувањето на забраната за лов, покажало негативни резултати за присуство на болеста кај отстреланите диви свињи.

Со воведувањето на забраната за ловење секаков вид дивеч во источниот регион, укината е и купопродажбата на домашни свињи на сточниот пазар во Облешево, сè додека во важност е мерката што е воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство.та/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан