Над 500 интервенции лани имала територијалната противпожарна единица Куманово
- Над 500 интервенции лани имала територијалната противпожарна единица Куманово. Бројката во однос на претходната година е помала, информираа денеска од ТППЕ Куманово, но штетите се поголеми. Лани, имаше и две починати лица во пожарите.

Куманово, 14 февруари 2025 (МИА) - Над 500 интервенции лани имала територијалната противпожарна единица Куманово. Бројката во однос на претходната година е помала, информираа денеска од ТППЕ Куманово, но штетите се поголеми. Лани, имаше и две починати лица во пожарите.
Вкупно штетата според проценките на ТППЕ Куманово е над 41, 7 милиони денари, со пожарите на отворено зафатена е површина од над 900 хектари.
- За 2024 вкупно бележиме 521 интервенција од кои 292 се на отворен простор. 114 во урбана средина на објекти, 30 на сообраќајни средства и 85 кои потпаѓаат во категоријата на останато. Во однос на претходната година, 2023, која беше драстично полоша кога на отворен простор имавме 412 интервенции, оваа година бројот е намален, меѓутоа пак за разлика од 2023, во 2024 материјалната штета е поголема и тоа по наша проценета материјална штета за околу десет милиони денари, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Според него, последниве дена расте и бројката на пожари на отворено, а од почетокот на годинава, како што рече, имаме 42 интервенции.
Лани, противпожарната единица преку проект аплициран од Центарот за развој на североисточниот плански регион, Министерството за локална самоуправа доби специјализирани возила, опрема, униформи, специјализирана опрема за спарување со пожари, апликација за рана детекција на пожари.
- Апликацијата може да се спушти, но потребно е дополнително да се доработи. Граѓаните можат да пријават пожар, самата апликација ги води. Ние добиваме податоци и веднаш излегуваме на терен, додава Илиевски.
Преку проектот е инвестирано и во гаражниот дел на противпожарната единица во Куманово, објект стар неколку децении. ам/цр
Фото: МИА