• среда, 08 јануари 2025

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Нови Сад, 7 јануари 2025 (МИА) - Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан