• среда, 27 ноември 2024

Над 16.000 месари-жртвувачи повредени на првиот ден на Курбан Бајрам во Турција

Над 16.000 месари-жртвувачи повредени на првиот ден на Курбан Бајрам во Турција

Анкара, 17 јyни 2024 (МИА) - Најмалку 16.000 месари-аматери се повредени на првиот ден на Курбан Бајрам во Турција, при обичајот со колење животни за празникот, според министерот за здравство, Фахретин Коча. Состојбата е таква бидејќи месото го подготвуваат луѓе кои не се професионалци во тоа.

„На првиот ден од Бајрам, околу 16.000 луѓе побараа помош во здравствените домови ширум земјата поради повреди здобиени при жртвувањето“, објави Коча на „Х“.

Тој наведе дека во главниот град Анкара се повредени 1.274 лица, во Истанбул 840, во Измир 416 луѓе.

Празнувањето на Курбан Бајрам, најважниот исламски празник - познат и како празник на жртвувањето, почна вчера. Муслиманите ја празнуваат жртвата на Ибрахим, кој како чин на верност кон Бога сакал да го жртвува својот син, но ангел му пренел порака дека жртвата е веќе направена. 

Во 2023 година, речиси 30.000 луѓе беа повредени за време на четиридневните прослави во Турција, според официјалните бројки. Турците жртвуваат главно овци и кози, а оние побогатите - и по некој бик.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан