• сабота, 23 ноември 2024

Надзорна посета на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

Надзорна посета на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе ја остварат првата во оваа година надзорна посета на просториите на Агенцијата за разузнавање. Љупчо Пренџов, претседател на комисијата за МИА потврди дека се работи за редовна контрола во АР и информира дека во текот на вчерашниот ден членовите на Комисијата биле во посета и на АНБ. Инаку, комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на АНБ и АР на граѓаните и други правни лица, како и законитоста во спроведување на овластувањата на АНБ и АР од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон. Ги разгледува и методите и средствата што ги користат АНБ и АР од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост на АНБ и АР, воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и други прашања што се однесуваат на АНБ и на АР. Во февруари, минатата година, стои на веб страницата на Агенцијата за разузнавање, директорот Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, потпишаа Меморандум за соработка како основа за соработка и размена на податоци и искуства со цел зачувување на суверенитетот, самостојноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Република Северна Македонија, размена на податоци за актуелни политички и безбедносни состојби нарегионално ниво, размена на искуства во примената на информатичките технологии, информатичката безбедност и криптозаштита, размена на искуства за соработка со меѓународни институции и организации, соработка во доменот на стручното оспособување и усовршување и користење на стручни кадри, реализација и учество на специјализирани обуки, како и организирање на настани во интерес на двете институции со цел промовирање на заедничките активности. цр/дма/  

Остани поврзан