• вторник, 26 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
9 ноември 2021 (МИА) 1689.- Во Призрен умрел Џовани Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запалила Скопје на 26 октомври 1689 година. Роден бил во 1650 година. 1799.- Наполеон Бонапарта го отфрлил Директориумот и како прв конзул станал вистински владетел во Франција. 1818.- Во Орел бил роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател. Неговите дела извршиле големо влијание врз новелистиката. Меѓу најпознатите негови дела се „Благородничко гнездо“, „Татковци и деца“, „Спроти новите дни“ и други. Умрел во на 22 август 1883 година. 1885.- Во Астрахиска стена, во Русија, бил роден Виктор Владимирович Хлебников, руски писател, еден од организаторите на руското футуристичко движење и негов најоригинален претставник. Од делата познати му се „Шаман и Венера“, „Ноќ спроти советите“, „Сегашност“, „Ладомир“ и други. Умрел на 28 јуни 1922 година. 1918.- Во Берлин, по генералниот штрајк, почнала револуцијата против царската власт. Истиот ден била урната монархијата, а царот Вилхем Втори побегнал во Холандија. Тоа бил крајот на германското царство. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фредрих Еберд. 1918.- Во Париз умрел Гијом Аполинер, француски поет и литературен критичар, од полско потекло. Во почетокот бил симболист и под влијание на Шарл Бодлер, а подоцна станал претставник на новите правци во уметноста - кубизмот и надреализмот. Познати се неговите дела „Алкохоли“, „Калиграми“ и „Изморениот поет“. Роден бил во Рим, на 26 август 1880 година. 1940.- Умрел Артур Невил Чемберлен, британски политичар и државник, водач на Конзервативната партија. Кон агресивноста на фашистичките сили водел политика на попуштање, што довело до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и во Втората светска војна. Умрел на 18 март 1869 година. 1944.- Ослободен бил градот Велес. 1952.- Умрел израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон и прв претседател на Израел од 1948 година се до својата смрт. Бил директор на хемиската лабораторија во Британскит адмиралитет, престседател на Светската ционистичка организација и на Еврејската агенција. 1963.- Во јапонскиот рудник за јаглен Омута во експлозија на гас загинале 452 рудари, а истиот ден загинале и 161 патник во судир на товарен со патнички воз, кој сообраќал кон Токио. 1971.- Народна Република Кина била примена во членството на Обединетите нации. 1985.- Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-тата година од животот станал најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов. 1989.- Демократска Република Германија (Источна) ја отворила својата граница спрема Сојузна Република Германија (Западна) – со тоа било означено"паѓањето" на Берлинскиот ѕид. 1993.- Со топовски гранати од страна на Хрватите бил урнат Стариoт мост во Мостар, изграден во 1566 година. 1993.- На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се извршило гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвикал големо интересирање. 1995.- Претседателот на Русија Борис Елцин ставил вето на законот за еднострано укинување на санкциите против Југославија, кој бил изгласан претходниот месец во двата дома на руската Дума. 1995.- Претседателот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат првпат го посетил Израел. Тој отишол во семејната куќа четири дена по убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин да и изразил сочуство на вдовицата. 1995.- Во Стразбур бил извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка. 1997.- Во Венеција умрел Хеленио Херера, аргентински фудбалски тренер, креатор на големите успеси на Интер од Милано во текот на 60-ите години на 20. век и „изумител“ на дефанзивната тактика во италијанскиот фудбал - катанаџо. Роден бил во 1916 година. 2000.- Политичката партија на Македонците од Егејска Македонија на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА), одржано на 9 и 10 ноември, била примена како полноправна членка. 2001.- Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“. 2005.- Европската комисија дала позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорачала на Европскиот совет да и даде статус на кандидат. 2006.- Војската на Шри Ланка недалеку од северниот брег на земјата во Индискиот Океан потопила 22 брода со побунетите Тамилски тигри. Војската ги обвинила бунтовниците за обид за потопување на цивилен брод со 300 патници. Во судирите меѓу бунтовниците и силите на владата во Коломбо до овој ден загинале повеќе од 60.000 луѓе, а примирјето кое било склучено во 2002 година не се почитувало. 2016.- Доналд Трамп беше избран за 45. претседател на САД. Со победата во Висконсин тој доби повеќе од 270 гласови во Изборниот колегиум, кои се потребни за победа. ###

Остани поврзан