Надал: Финалето против Србија ќе биде супер тешко
- Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по победата во полуфиналниот меч од АТП купот против Австралиецот Алекс Де Минаура (4:6, 7:5, 6:1), рече дека очекува многу тешкот финале.

Сиднеј, 11 јануари 2020 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по победата во полуфиналниот меч од АТП купот против Австралиецот Алекс Де Минаура (4:6, 7:5, 6:1), рече дека очекува многу тешкот финале.
- На почетокот на натпреварот беше тешко, затоа што Алекс играше на многу високо ниво, а јас немав толку сила како и обично. Финалето против Србија ќе биде супер тешко. Новак сака да игра овде, а Србија има одличен тим, што покажува многу добра игра. Но, Роберто денеска имаше прекрасен натпревар, а нашата екипа исто така игра добро, па затоа сме подготвени, изјави Надал.