Надал: Жал ми е поради Новак, но тенисот е поголем од сите нас
- Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја коментираше одлуката на американските власти да му забранет влез во САД на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, и со
Њујорк, 27 август 2022 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја коментираше одлуката на американските власти да му забранет влез во САД на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, и со тоа да го оневозможат да настапи на претстојниот грен – слем турнир ЈуЕс Опен во Њујорк.
- Жал ми е поради тоа што Новак Ѓоковиќ нема да настапи, тоа донекаде сите и го знаевме. Штета е што тука нема да биде еден од најдобрите играчи во историјата, но спортот е поголем од кој било од нас, изјави Надал во Њујорк.
Надал ги потсети новинарите дека и самиот тој во минатото пропуштал големи турнири поради повреди.
- Минатата година не бев тука. Ниту пред две години. Но, тенисот продолжува. Тенисот ќе продолжи да се игра и после мене, Новак и Роџер (Федерер). Новак е еден од најважните играчи во последните 20 години во историјата на нашиот спорт и лично ми е жал што не можеше да допатува тука, истакна шпанскиот тенисер. ег/паг/