• вторник, 24 декември 2024

Награда за козјото сирење на Давид Неделковски на Фестивалот за сирењето во Италија

Награда за козјото сирење на Давид Неделковски на Фестивалот за сирењето во Италија

Охрид, 17 септември 2023 (МИА) – Давид Неделковски за неговото козјо сирење ја доби наградата „Resistenza Casearia“ за отпор при производството на млечни производи што се доделува на Меѓународниот фестивал на сирењето „Cheese“ што се одржува во италијанскиот град Бра.

Станува збор за престижно признание, оттаму што се доделува на најупорните, најдоследните и најтрадиционалните произведувачи на сирење, на оние што прават сирења водејќи сметка за животната средина, животните и традицијата, зачувувајќи го извонреднното наследство на знаење, пејзажи и вкусови.

- Кој би рекол дека козите, млекото и  планината ќе ме доведат до тука, дека некој ја забележува мојата активност и трага... Раштак ми дари аманет и тежина, семејството љубов и верба, а небото надеж, вели Неделковски откако го доби високото призание.

Неделковски е дел од екипата на „Слоу фуд Маседониа“ што учествува на фестивалот на сирењето, претставувајќи го кулинарското наследство на Македонија и македонското солено „парче млеко“. аб/цр

фото:Слоу Фуд Маседониа

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан