• недела, 06 октомври 2024

Навивачи на Ливерпул со огномет во 2 часот по полноќ ги разбудија фудбалерите на Реал

Навивачи на Ливерпул со огномет во 2 часот по полноќ ги разбудија фудбалерите на Реал

Ливерпул, 21 февруари 2023 (МИА) - Навивачи на Ливерпул ноќеска им пречеа на играчите на Реал Мадрид да спијат.

Двете екипи ќе се сретнат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Ливерпул вечер со почеток во 21 часот.

Експедицијата на мадридскиот клуб престојува во хотелот „Инсајд Ливерпул“. Во 2 часот по полноќ навивачите на англискиот тим приредија огномет покрај хотелот.

Ова не е прв случај навивачи да го нарушуваат ноќниот одмор на фудбалери од противничка екипа. зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан