• сабота, 23 ноември 2024

Навивачите на Баерн покренаа петиција за поддршка на Тухел

Навивачите на Баерн покренаа петиција за поддршка на Тухел

Минхен, 26 април 2024 (МИА) - Навивачите на Баерн Минхен на социјалната мрежа Х започнаа петиција со барање до сегашниот тренер на тимот Томас Тухел да не си оди. Таа досега има собрано речиси 10.000 потписи.

Стручњакот веќе постигна договор со раководството на Баварците да си замине по завршувањето на сезоната.

Германскиот колос веќе некое време бара замена. Чаби Алонсо беше прва опција, но Шпанецот реши да остане на чело на Баер Леверкузен. После тоа имаше разговори со Јулијан Нагелсман, но тој потпиша нов договор со германската федерација.

Миленик на управата во моментов е селекторот на Австрија, Ралф Рангник, но навивачите на Баерн не го прифаќаат и не мислат дека тој има квалитети да води клуб од ваков ранг.

Поради оваа причина, започна петиција за поддршка на Тухел. дс

Фото: Архива

Остани поврзан