• понеделник, 22 јули 2024

Навални пренесен во затворската болница

Навални пренесен во затворската болница
Москва, 19 април 2021 (МИА) - Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални е „задоволителна“, но тој е преместен во затворска болница, објави денеска затвоската управа. Исто така во соопштението се наведува дека Навални секој ден е прегледуван од општ лекар и оти болницата е специјализирана за „динамично набудување на такви пациенти“. - Пациентот даде согласност да му бидат препишани витамини, се наведува во соопштението. Навални штрајкува со глад повеќе од две недели во знак на протест против недостатокот на медицинска нега во затворот. Неговите адвокати постојано алармираа за неговото влошено здравје, предупредувајќи на можна срцева слабост. ми/

Остани поврзан