• вторник, 24 декември 2024

Навални одбил да излезе на распит откако му биле одземени сите средства за пишување

Навални одбил да излезе на распит откако му биле одземени сите средства за пишување

Москва, 24 октомври 2023 (МИА) - Затворениот руски опозициски активист Алексеј Навални не учествувал на рочиштето на кое повторно му се суди во знак на протест поради тоа што затворските власти му ги одзеле сите средства за пишување, соопштија неговите соборци.

Навални, кој во Русија веќе е осуден на 19-годишна затворска казна, требаше преку видео врска да присуствува на денешното судско рочиште, што е само едно од многуте против него додека се уште се наоѓа во притвор.

Според неговиот соборец Иван Жданов, бидејќи Навални одбил да ја напушти ќелијата, „оперативците на обезбедувањето со шлемови го одвлекле кај истражителите затоа што се очекувало „денеска да има некаква истражна постапка“.

Жданов не кажа кога Навални бил вратен во ќелијата и зошто му била одземена опремата за пишување.

Рускиот независен информативен портал „Медиазона“ објави дека по одбивањето на Навални рочиштето било одложено за 2 ноември.

Навални е најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин и се бореше против корупцијата на функционерите, а беше и организатор на големи демонстрации против владата во Кремљ.

Беше уапсен во 2021 година откако се врати од Германија во Москва, каде што беше спасен од труење со нервен агенс, за што Навални го обвини Кремљ.

Оттогаш, тој е осуден на три затворски казни и со месеци е под постојан притисок и со месеци минати во самица за помали прекршувања на затворските прописи.

Навални се наоѓа во специјалната „Казнена единица број 6“ во Владимирската област, источно од Москва, а се очекува да биде одведен во „Казнена единица со специјална безбедност“ со најстрог режим. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан