• сабота, 23 ноември 2024

Навални вратен во затвор откако се опорави од штрајкот со глад

Навални вратен во затвор откако се опорави од штрајкот со глад
Москва, 7 јуни 2021 (МИА) - Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е вратен во неговиот првичен казнено-поправен дом, каде што издржуваше казна откако се опорави од штрајкот со глад во болница во друг затвор, јави ТАСС. Опозицискиот политичар (45) започна штрајк со глад кон крајот на март за да побара подобра медицинска помош во затворот откако доби силни болки во нозете и грбот. Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош. По враќањето во неговиот „стар“ затвор, Навални ќе присуствува преку видео врска на судско рочиште каде се разгледуваат неговите тврдења за условите во затворот. паг/  

Остани поврзан