• сабота, 23 ноември 2024

Набавено ново возило за Територијалната противпожарна единица од Ранковце 

Набавено ново возило за Територијалната противпожарна единица од Ранковце 

Ранковце, 18 јануари 2024 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од Општина Ранковце доби ново возило за гаснење пожари преку проект финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за обнова, развој и соработка.

- Во рамки на партнерскиот проект меѓу Североисточен плански регион и Општина Ранковце „Одржлив и инклузивен рамномерен развој“, втора фаза, со цел поефикасна заштита и превенција од пожари во микро регионот,  општините: Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце „Fireshield“, за потребите на ТППЕ Ранковце обезбедeно е специјализарано возило за гаснење шумски пожари под висок притисок. Проектот се реализираше со финансиска подршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарска агенција за обнова развој и соработка, информира градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски.

Тој истакна дека со набавката на ова возило значително ќе се зголеми можноста за подобрување на услугите на ТППЕ, поголема пристапност на теренот при гаснење пожари, ако се има предвид дека Ранковце е рурална општина.

- Ова е второ возило набавено за зголемување на возниот парк на единицата за само една година. Во текот на 2023 година преку Дирекцијата за заштита и спасување на користење ни беше отстапено теренско возило „Лада нива“, така што сега ТППЕ Ранковце располага со четири возила, додава Спасовски.

Територијалната противпожарна единица од Ранковце има деветмина пожарникари, а како што истакна градоначалникот, за нивна континуирана професионална надградба редовно се спроведуваат обуки.

-Општина Ранковце благодарение на добрата меѓуопштинска соработка со Крива Паланка изврши и доопремување на противпожарната служба со меѓуопштинскиот проект „Силни институции за безбедни граѓани“. Со овој проект во 2022 година обезбедени беа: машини за сечење стакло, моторни пумпи, мултифункционална пила за сечење, дувалки, убодни пили за сечење метал и бетон, провпожарни црева, огноотпорни чизми и останата опрема, за подобра техничка  интервенција при елементарни непогоди. Оваа опрема беше набавена преку УНДП, со финасиска поддршка од Бирото за регионален развој и МЛС, додава Спасовски. ид/мд/

Фото: Општина Ранковце 

Остани поврзан