МЈА организира настан „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“
- Како што соопшти МЈА, на настанот ќе учествуваат директори и високи претставници на институции за обука на јавните службеници од земјите од Западен Балкан, Источното соседство и земјите членки на Европската Унија.
Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“.
Настанот е во организација и во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во земјава и Центарот за управување со промени (ЦУП).
Како што соопшти МЈА, на настанот ќе учествуваат директори и високи претставници на институции за обука на јавните службеници од земјите од Западен Балкан, Источното соседство и земјите членки на Европската Унија.
Меѓу говорниците кои ќе се обратат на настанот се министерот за јавна администрација Горан Минчев, Маја Ханџиска Трендафилова, директорка на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегација на ЕУ во земјава, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП.
Од Министерството додаваат дека дискусиите ќе бидат насочени кон зајакнување на институционалните капацитети, размена на добри практики и унапредување на системите за професионален развој во јавната администрација. нд/хс/
Фото: МИА архива