• петок, 08 ноември 2024

Мјанмар: Безбедносните сили убија едно лице во Јангон

Мјанмар: Безбедносните сили убија едно лице во Јангон
Јангон, 29 март 2021 (МИА) - Безбедносните сили на Мјанмар денеска убија маж во Јангон, јавија локалните медиуми, додека активистите ги повикаа силите на етничките малцинства во земјата да ја поддржат нивната кампања против военото владеење. По најкрвавиот ден од воениот удар на 1 февруари, со 114 убиени лица во саботата, илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во многу градови на протести поради воената управа во државата. Еден човек е убиен, а неколку се ранети откако безбедносните сили отворија оган во Јангон, јавија медиумите. Иако армискиот генерал Мин Аунг Хлаинг за време на парадата на Денот на армијата рече дека армијата ќе ги штити луѓето и ќе се стреми кон демократија, ескалацијата на насилството во саботата однесе животи на најмалку 114 лица, вклучувајќи и неколку деца на возраст под 16 години. Претставникот на ОН за човекови права ја обвини хунтата за „масовно убиство“ и ја повика меѓународната заедница да преземе итни мерки. паг/

Остани поврзан