• вторник, 14 јануари 2025

Муцунски се сретна со египетскиот колега Бадр Абделати

Муцунски се сретна со египетскиот колега Бадр Абделати

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, на маргините на годишната конференција „Медитерански дијалог“ што се одржува во Рим, соопштија од Министерството.

Во година кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, денешната средба, како што велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ги потврдува одличните билатерални односи и ја истакнува заедничката подготвеност за нивно натамошно зајакнување.

Двајцата министри на средбата разговарале за унапредување на политичкиот дијалог на високо ниво и за продлабочување на економската и меѓусекторската соработка, и во оваа насока за 2025 година беше најавено организирање бизнис форум со компании од двете држави.

Министерот Муцунски изразил благодарност за поддршката од Египет за кандидатурата на државата за членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, притоа беше истакната одличната досегашна соработка во рамки на мултилатералните организации. сст/лв/

фото Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан