• недела, 07 декември 2025

Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Скопје, 25 мај 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска ќе престојува во Дејтон, Охајо, во САД, по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

Како што информираа од МНРНТ, посетата е на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер.

Министерот Муцунски ќе присуствува и на работна вечера организирана за лидерите од регионот и високи гости, посветена на темите поврзани со мирот и стабилноста на Западен Балкан. Во рамки на настанот ќе се дискутира за напредокот на земјите од регионот, предизвиците со кои се соочуваат, како и за потребата од обновен меѓународен фокус кон мирот, безбедноста и просперитетот на Балканот. Посебен акцент ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и пошироко. 

За време на престојот, министерот Муцунски ќе учествува и на два настани од официјалната програма - панел-дискусија посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан и на пленарната седница со која ќе биде затворен настанот. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан