Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница: Нема место за вакви дела во Македонија
- Опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe - на Велигден - е крајно неприфатлив и силно осуден. Нема место за вакви дела во Македонија. Истрагата е во тек, а одговорните ќе бидат повикани на одговорност. Нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот - се вели во објавата на Х на Муцунски.
Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe, порачувајќи дека „нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“.
-Опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe - на Велигден - е крајно неприфатлив и силно осуден. Нема место за вакви дела во Македонија. Истрагата е во тек, а одговорните ќе бидат повикани на одговорност. Нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот - се вели во објавата на Х на Муцунски.
Еврејската заедница во Македонија синоќа соопшти дека бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Тие, го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. аа/вг/
Фото: МИА архива