Мусиала се повреди и ќе ги пропушти мартовските натпревари на германската репрезентација
- Играчот од средниот ред на Баерн, Џамал Мусиала, нема да учествува на мартовските натпревари на германската репрезентација, соопшти прес-службата на Германскиот фудбалски сојуз.

Берлин, 20 март 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Баерн, Џамал Мусиала, нема да учествува на мартовските натпревари на германската репрезентација, соопшти прес-службата на Германскиот фудбалски сојуз.
Дваесетгодишниот фудбалер во пресрет на репрезентативните подготовки го повреди коленото на мечот од Бундеслигата против Баер Леверкузен (1:2).
Мусиала сака целосно да закрепне и да избегне влошување на повредата, па нема да ризикува со предвремено враќање на терените.
Играчот од средниот ред ќе ги пропушти натпреварите против селекциите на Перу (25 март) и Белгија (28 март). зс/
Фото: ЕПА