Муртезани домаќин на австриската министерка за Европа Плаколм и словенечката државна секретарка Грашич
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе биде домаќин на делегации од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата.
Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе биде домаќин на делегации од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата.
Делегациjaта на Австрија предводена од Сојузната министерка за Европа, интеграција и семејство Клаудија Плаколм и државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни и европски прашања Нева Грашич.
По средбата со делегациите ќе се одржи прес-конференција во Министерството за европски прашања. ев/мд/
ФОТО: Архива