• среда, 27 ноември 2024

Мурињо: Повредата на Сон ни ги скрши срцата

Мурињо: Повредата на Сон ни ги скрши срцата
Лондон, 18 февруари 2020 (МИА) - Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо откри дека неговиот играч Хјун Мин-сон речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната и рече дека повредата на корејскиот репрезентативец „ги скршило срцата“ на „петлите“. Сон ја повреди раката во првата минута од натпреварот со Астон Вила во текот на викендот, но сепак го заврши мечот и дури постигна два гола на „Вила Парк“ за 3-2. Како и да е, истражувањата покажаа дека на Сон му е потребна операција, а на веб-страницата на Тотенхем објавија дека ќе биде аут неколку недели, но според Мурињо, Кореецот повеќе нема да играат во текот на оваа кампања. - Не очекувам да го видам како игра до крајот на сезоната. Тоа е тежок удар за нас што нè остава со скршени срца. Ситуацијата неможе да е полоша во однос на нашите опции. Немаме што да правиме, ќе играме со играчите што ги имаме, и тие ќе дадат се од себе. Порано се грижев дека немав доволно опции во нападот на клупата, а сега немам доволно опции во нападот на теренот, прокоментира Мурињо. Тотенхем е домаќин на РБ Лајпциг утревечер, а дуелот почнува во 21:00 часот по македонско време.

Остани поврзан