• недела, 21 јули 2024

Мурињо: Салцбург го покажаа својот фудбал, на крајот имаа среќа

Мурињо: Салцбург го покажаа својот фудбал, на крајот имаа среќа

Рим, 17 февруари 2023 (МИА) - Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се осврна на поразот од Салцбург (0:1) синоќа во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на Европа.

- Не би рекол дека овој резултат е луд. Би рекол неуспешен. Но, често се случува во фудбалот тимот што има контрола и е поблиску до победа да не постигне гол и наместо тоа да прими гол. Салцбург го покажа својот фудбал, ги искористи своите сили. Се трудеа да не загубат, а на крајот имаа среќа. Но, ова се случува, го цитира Мурињо прес-службата на УЕФА.

Реваншот помеѓу Рома и Салцбург ќе се одигра во четврток на 23 февруари на теренот на австриската екипа. зс/

Остани поврзан