Мурињо сака да го види Регилон во Тотенхем
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува „Дејли меил“.
![Мурињо сака да го види Регилон во Тотенхем](https://mia.mk/index.php/images/20221104195316_big_730x400_59.webp )
Лондон, 14 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува „Дејли меил“.
Според изворот, за 23-годишниот Шпанец е заинтересиран Тотенхем. Тренерот на тимот од Лондон, Жозе Мурињо сака да го види играчот во клубот.
Изминатата сезона Регилон ја помина на позајмица во Севиља, постигнувајќи три гола и реализирајќи пет асистенции на 38 натпревари. зс/