• вторник, 24 декември 2024

Мурињо постави ултиматум до раководството на Рома

Мурињо постави ултиматум до раководството на Рома

Рим, 23 март 2023 (МИА) - Жозе Мурињо сака што поскоро да одржи состанок со сопствениците на Рома за да се реши неговата иднина, пишува „Кориере дело Спорт“.

 

Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но неговото име често се поврзува со други клубови како ПСЖ, Реал Мадрид, Челзи и други.

 

Италијанскиот весник тврди дека Мурињо сака што поскоро да го реши прашањето за својата иднина и тоа ќе зависи од амбициите на Рома. Португалскиот фудбалски стручњак сака да остане во римскиот клуб, но сака и клубот да покаже поголема амбиција кога се во прашање трансферите.

 

Ултиматумот на Мурињо е да се донесат три засилувања. Централен бек, играч за врска и напаѓач на местото на Абрахам, кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

 

Финансискиот фер плеј е проблем за Рома и затоа е нејасно дали клубот ќе успее да ги исполни желбите на Португалецот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан