• петок, 05 декември 2025

Мурињо останува во Фенербахче

Мурињо останува во Фенербахче

Истанбул, 27 мај 2025 (МИА) - Фенербахче ја заврши сезоната без никакви почести, но и покрај ова, Жозе Мурињо нема намера да го напушти Истанбул. Во последните недели, се ширеа гласини и шпекулации околу неговата иднина, но според ЕСПН, Португалецот одлучил да остане и да го доврши договорот со турските гиганти.

„Специјалниот“ ја заврши кампањата зад големиот ривал Галатасарај, кој триумфираше со титулата. Разочарувањето беше опипливо, особено затоа што Мурињо постојано јавно го изразуваше своето незадоволство од судењето и другите фактори за кои веруваше дека влијаеле на конечниот исход.

И покрај сè, Португалецот не се откажува. Неговата одлука да продолжи на чело на Фенербахче покажува дека битката за врвот во Турција штотуку започнува. дс

Фото: Архива

Остани поврзан