Мурињо на прес конференцијата дојде со подарок
- Бенфика предводена од Жозе Мурињо на клупата оствари победа од 2:0 против Наполи на нашиот Ељиф Елмас во дуел од Лигата на шампионите
Лисабон, 11.декември 2025 (МИА) – Бенфика предводена од Жозе Мурињо на клупата оствари победа од 2:0 против Наполи на нашиот Ељиф Елмас во дуел од Лигата на шампионите.
На прес конференцијата по дуелот Мурињо дојде со подарок. Тоа беше подарок за него.
- Тоа е дрес на Скот Мектомини. Од самиот почеток на кариерата го „буткав“ и Пол Погба го ставив на клупата заради него. Дресот е нешто што можеше да го направи за мене. Тој се сети дека има голема колекција дресови и ова беше негова благодарност. Му дадов шанса, но Скот е победник и тоа го докажа, изјави Мурињо.
Шкотскиот репрезентативец минатата сезона го предводеше Наполи до шампионската титула во Италија.
Мурињо и Мектомини соработуваа на „Олд Трафорд“ пред девет години. мн/
Фото: ЕПА