• сабота, 23 ноември 2024

Мун: Потребна е уште една средба Трамп - Ким

Мун: Потребна е уште една средба Трамп - Ким
Сеул, 1 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека е потребна уште една средба помеу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред претседателските избори во САД. - Уште еден самит Трамп - Ким би помогнал да продолжат преговорите за севернокорејската нуклеарна програма, истакна Мун на видео средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. По третата неуспешна средба помеѓу Трамп и Ким на 30 јуни 2019 година, Пјонгјанг соопшти дека неуспехот се должи на „стариот американски став и однесување“. ми/

Тагови

Остани поврзан